Новогодишен продажен базар

Новогодишен продажен базар и предновогодишни активности во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош”-Скопје

Откако заврши двонеделното традиционално новогодишно украсување во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош”, секое одделение во училиштето одржа работилница за изработка на производи за претстојниот новогодишен базар. Сите овие активности во училиштето се одвиваа со меѓусебна соработка помеѓу учениците, наставниците и родителите  а секако и со неколку баби и дедовци.

Како завршна активност на 24 декември, од 16 до 18 часот, се одржа новогодишен продажен базар во холот на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош”. Собраните средства  од овој базар ќе бидат наменети за набавка на нови современи нагледни средства и дидактички материјали со цел подобрување на квалитетот на наставата во истото училиште