Тел: (02) 3065-337

Стихозбирка на млади поети на од ООУ „Х.Т. Карпош“ на англиски јазик

Во рамките на додатната настава во ООУ Христијан Тодоровски Карпош беше реализиран проект на пишување поезија чиј продукт е публикување на стихозбирка на англиски јазик.. Координаторот на проектот, менторот по англиски јазик мр – Виолета Панев објаснува дека целите на првата фаза на проектот беа реализирани на настанот на Европската недела на кодирање преку препознавање на семантиката на лексичките единици на работилниците по англиски јазик. При вежбите во римување беа применувани разни техники во пишувањето со цел децата полесно да ја усовршат техниката на вештината пишување.