На 9.5.2024 год.- четврток се одржа и петтата сесија од програмата ,,Родителство за целоживотно здравје за деца од 5 до 10 години” со што заврши и самата обука на родителите.
Во релаксирана и пријатна атмосфера родителите ги искажуваа своите стекнати вештини од самите работилници.
Чувството на исполнетост и среќа беше присутно кај секој од нив.
Збогатени со насоки за подобро надминување на одредени ситуации и решавање проблеми во воспитанието на своите деца, со надеж за повторна средба и повеќе вакви работилници го заокруживме овој циклус работилници.