Тел: (02) 3065-337

Книгата „Што ако…?“ од Мет Мури и Ендрју Р. Мекхју е во издание на издавачката куќа ,,Арс Ламина“ и истата се среќава  и  со поднаслов  „Прашања и активности за љубопитни умови“.

Книгата на љубопитноста е со голем тираж и популарност во светот. Книгата е преведена и адаптирана за нашиот простор.

Во самиот процес на создавањето на книгата, наставничката Владанка Д. Урошева доби  покана од издавачката куќа, заедно со нејзините  ученици, да бидат претставници на едно од четирите училишта од нашата земја кои ќе  учествуваат во нејзиното адаптирање за нашите простори, а понатаму преведена и за светските потреби.

Искуство за сите нив беше интересно возбудливо и пред се’ одговорно, затоа што имаа  задача да си го претстават училиштето, а истовремено и татковината.

Делото првично е наменето за младите читатели, но соодветно е и за возрасните.

Книгата нуди на забавен начин  да се види, кои се интересите на учениците што не би можеле да ги видиме во текот на едно класично предавање и по предвидениот курикулум. Книгата  покрива теми од различни области, како историја, наука, филозофија и  би можел да ја користи секој наставник, без разлика на предметот што го предава.