По повод новогодишните празници во нашето училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“, класниот раководител Катерина Зулумовска заедно со вредните учениците од 9б одделение со голема поддршка од родителите, организираа проект наречен „Новогодишна еко елка”.
Целта на овој проект е да се поттикне еко свеста кај учениците и да се внесе убава новогодишна атмосфера во нашето училиште, а истовремено и можност учениците да ја изразат својата креативност преку своите изработки од еко материјали.
Со големо задоволство учениците од 9б одделение „Новогодишна еко елка” ја разубавија и украсија со нивните рачно изработени украси и честитки со убави пораки, а ги изработија од еко материјали (хартија, шишарки, дрвени крукчиња од природни гранки, дрвени лажици, стаклени теглички, кикирики во лушпа, лушпи од портокал, слама, грав, семки, пченица, бибер, ориз, лешници, ореви, природни тиквички, коноп, природен памук, хартиени саксии, плутени тапи, конопна вреќа, тестенини, диви бобинки, цимет стапчиња, звездовиден анасон и сл.) Секој украс е уникатен и има новогодишен мотив.
Паралелно со овој проект сакаме на сите ученици, родители и вработени во ООУ “Христијан Тодоровски-Карпош” да им посакаме добро здравје, среќа и успех во новата 2022 година.
Повеќе за оваа активност, може да прочитате на следниот линк, како и видеото во продолжение.