Тел: (02) 3065-337

Радост, гордост, возбуда, насмевки и по некоја солза радосница беше тоа што се случуваше во нашето училиште. Со кратка пригодна програма го одбележавме крајот на учебната година и заминувањето на деветтооделенците од нашиот заеднички дом, нашето училиште. Како училиште, го искористивме моментот да ги прогласиме најуспешните ученици во оваа година кои го претставуваа нашето училиште на општинските, регионалните и државните натпревари. Ним им беа доделени признаници за постигнатите резултати. На овој настан беше преогласен и првенец на генерацијата. Директорката им врачи признаници на наставниците и стручните соработници.