Тел: (02) 3065-337

На ден 16.12.2019 год.на одделенскиот час во нашето училиште ООУ Христијан Тодоровски –Карпош беше одржано предавање/работилница на тема-,,Меѓуврсничко насилство кај учениците”.Предавач беше Љубица Јанева,стручно лице од одделот за малолетна деликвенција при МВР-Скопје а воедно и родител чии деца учат во нашето училиште.Се реализираа две посебни работилници, една со ученици од прво до петто одделение и една од шесто до деветто одделение.Свое учевство во подготовките и организациониот дел зедоа наставничките Катица Богоевска и Ленче Алаџајкова како членови во училишниот тим за превенција од насилство.Беше подетално разјаснет поимот ,,насилство,, како и видовите насилство кои се јавуваат меѓу учениците,причините кои најчесто доведуваат до насилството и совети како да се намали и спречи истото.Учениците беа активно вклучени со споделување на лични искуства како сведоци на насилство и насилство кое лично го имаат доживеано.