ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“
Нашето училиште

Училиште исполнето со дух и топлина, постојано во чекор со новитетите во воспитно-образовниот процес. Знаејќи ја важноста на почетоците во образованието на секој млад човек, нашиот наставен кадар се труди на најдобар можен начин да ги подготви и оспособи младите за понатамошните предизвици во образованието.
Нашето училиште со години наназад е непресушен извор на многу генерации, кои значат многу не само за историјата на училиштето, туку и со понатамошните кариери дадоа голем придонес во областа на образованието, науката, културата, уметноста итн. Нашето училиште може да се пофали со современи училници опремени со компјутери, како и обучен кадар за работа со истите.
Со поставување на интернетот, се прошири и можноста за вклучување на компјутерите во наставата, во новите проекти, што нудат еден нов правец во воспитно-образовниот процес, односно користење на дигитални содржини, размена на информации и поврзување со други институции и училишта во градот и државата, а од голема важност во поново време се и многубројните еколошки активности, општествено хуманитарни активности, ширењето на мултикултурализмот, проектот за меѓуетничка интеграција, одличната соработка и поддршка од општина Карпош, БРО и МОН и другите институции во нашата држава.
ОГЛАСНА ТАБЛА
Распоред за додатна и дополнителна настава – 2025-26 (нов)
ПРИЕМЕН ДЕН НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО УЧЕБНАТА 2025-26
годишен извештај 01.01. 2025-31.12.2025
Развојна програма на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“- Скопје 2024-2028 г.
Документи и протоколи за работа
УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2026/2027
ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ – Скопје
ВРШИ УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2026/2027
Уписот на учениците започнува од 4.5.2026 година и трае до 29.5.2026 година.
Во прво одделение се запишуваат ученици кои до крајот на календарската 2026
година ќе наполнат шест години.
По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31.1.2027 година ќе
наполнат 6 години, но по претходно барање на родителот и добиено мислење од страна
на педагогот или психологот во училиштето.
Потребни документи за упис:
– Извод од матична книга на родените на ученикот (фотокопија);
– Лична карта од родител/старател;
– Потврда за примени задолжителни вакцини (од надлежната здравствена установа)– останува
во училиштето;
– Потврда за орално здравје од стоматолог (се изготвува во Детски диспанзер Карпош) –
останува во училиштето;
– Потврда од офталмолошки преглед издадена од офталмолог-
останува во училиштето;
– За деца со попреченост, мислење/функционален профил од комисија за проценка на деца и
младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
– Пријава за упис ( може да се симне од нашата веб страна или да се пополни во
училиште);
Телефон за контакт: 078 300 086
Директор
________________
Христина А. Борисовска
ПРИЈАВА-ЗА-УПИС-НА-ПРВАЧИЊА
ПРИЈАВА-ЗА-УПИС-НА-ПРВАЧИЊА 2026-27
umn_structure=”3_5,2_5″ _builder_version=”4.16″ _module_preset=”default” custom_margin=”0px||0px||true|false” custom_padding=”10px||10px||true|false” global_colors_info=”{}”]
- Куќен ред на училиштето
- ПРОТОКОЛ ЗА ЗАШТИТА НА ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО
- Протокол за работа на психологот
Прогласување на најдобрите ученици 2025-26 г. и завршна приредба
На 8 јуни го одбележавме крајот на учебната 2025/2026 година со прогласување на најдобрите ученици во наставните и воннаставните активности и најуспешните наставници, но и родители кои учествуваа во активностите. На свечениот настан директорката им врачи пофалници на...
ретата награда од 30.000 денари им припадна на учениците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“
Во рамки на Програмата за образование на Општина Карпош, по шести пат, се реализираше натпревар меѓу општинските основни училишта за избор на најубав училишен еко-двор. Оваа активност има за цел да ги мотивира учениците, родителите и наставниците за подигање на свеста...
GENERALKA WEEKEND 2026
На 8 мај, во рамките на проектот GENERALKA WEEKEND 2026, (8-10 мај), во нашето училиште беше успешно реализиран ЕКО час. Учениците од 7 б одд., под менторство на одделенскиот раководител, наставникот Горан Тодоровски собираа и селектираа отпад, пластични шишиња и...
ИСТОРИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ
УЧИЛИШНИ ДОКУМЕНТИ
Постојано во чекор со новитетите
непресушен извор на многу генерации
современи училници
Детска химна за Карпош кој го сакаме
Дигитална интеграција во учењето
Почитувани ученици и родители,
По добиените насоки од МОН, БРО и Општина Карпош, а со единствена цел да излеземе во пресрет на нашите ученици, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Општина Карпош Скопје, Ве известува дека секој актив на наставници од I – IX одделение, подготвува база на податоци, едукативни содржини и посочени интернет сајтови кои ќе ги споделат со Вас преку платформата која е веќе во функција.
Целта на овој вид учење е да се посочат платформи кои овозможуваат пристап до содржини соодветни на возраста на нашите ученици, подобрување на дигиталната интеграција во учењето, подучувањето, пристап и учење преку отворени образовни ресурси.
Сето ова, во овој период кога децата не одат во училиште, дава поддршка на учењето базирано на ИКТ, развивање компетенции на наставниците да ги користат новите технологии за подобри резултати од наставата и наставата; подобрување и проширување на понудата на висококвалитетни можности за учење преку иновативни начини на информирање и испорака.
Сé она што го учиме на училиште, нашите ученици ќе можат со помош на овие дигитални содржини да го вежбаат во слободното дома.
Едукативно, корисно и креативно , низ разни игровни активности.
Со почит,
д-р Мирјана Алексова
Директор на ООУ,,Христијан Тодоровски Карпош,,
Општина Карпош – Скопје









