Историја на училиштето
„Карпош беше со извонредна инелигенција, а и најдобар математичар во класот.Секогаш беше одличен, иако не учеше многу. Повеќе читаше научни дела отколку школски учебници. Во 7-ми клас на гимназијата ја проучуваше Лениновата „Држава и револуција“. Беше многу начитан и еден од најобразованите комунисти во Куманово.Своето богато знаење со големо задоволство го пренесуваше на нас, неговите другари“.Педесетите години од минатиот век, нашиот главен град Скопје најмногу се шири кон северозападниот дел. Веќе се наsираа контурите на новата современа населба која на задоволство на новите жители ќе го добие името Карпош.
Беше сосема природно со новите градби помеѓу улиците Рузвелтова и Орце Николов да изникне и нова училишна зграда. Така во 1954 година започнаа градежните работи, а идната 1955 год. веќе започна со реализација воспитно-образовниот процес и тоа најпрво до четврто одделение, а малку потоа и со настава до осмо одд. Новото основно училиште го доби името на прославениот командант од Втората Светска војна, Народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.
Но градежните работи не запреа тука. Напротив тие станаа дел од нашето и во нашето училиште. Во 2009 год. во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 фискултурни сали влезе и нашето училиште. Само за девет месеци, по речиси 55 години надеж и ветување изникна прекрасен објект. Една од најквалитетните изградени фискултурни сали со сите справи и реквизити потребни за правилен раст и развој на нашите деца. Само по три години поточно во 2012 благодарение на општина Карпош, истото тоа училиште со стариот дух, доби нов лик. Комплетно реновирано и модерно опремено по европски стандарди, училиштето доби нов изглед во кој се споија квалитетот и современието.
Бројни се генерациите кои поминале низ училишните клупи во нашето основно училиште.Се описменуваат, ги совладуваат содржините од наставните подрачја.Учат да се дружат, да почитуваат, да спортуваат, да пеат, да глумат. Од мали исплашени дечиња желни за знаење и моќ денес веќе завршени и прераснати во прекрасни личности кои чекорат цврсто и ги остваруваат своите соништа.
Споделете на: