Тел: (02) 3065-337

Ученичките Ана Токарева и Миа Масевска од 7а одделение од ООУ “Христијан Тодоровски – Карпош” освоија вкупно 14 медали на скопската рунда од “World’s Scholars Cup” организирана од страна на Јахја Кемал Колеџ во Скопје.

 “World’s Scholars Cup” е меѓународен натпревар на кој учесниците се натпреваруваат во шест теми бидејќи како што сметаат основачите на овој натпревар “треба да ја видиме големата слика пред да специјализираме”.

Натпреварувањето се одвива преку 4 активности: дебатирање во тимови, пишување есеј, тест на знаење и тимски тест. Учесниците по пат на квалификации преку локалните и регионалните рунди можат да се пласираат во големото финале во турнирот на шампиони на универзитетот Јеил, во САД.

Нашите ученички успешно ја поминаа скопската рунда и се пласираа да одат на следната глобална рунда. Им честитаме и им посакуваме многу успех!