Тел: (02) 3065-337

Априлијада

По повод 1-ви Април, Денот на шегата, во нашето училиште  Христијан Тодоровски -Карпош  се реализираше ЕКО маскенбал „Априлијада 2018“.Темата на овогодишниот маскенбал беше изработка на маски од електронски отпад,со поддршка на Општина Карпош и колективниот постапувач за електронски отпад “Нула отпад”.Беше формирана трочлена комисија која избра пет  еко маски ,кои го претставуваа нашето училиште во изборот на еко маска на ниво на општина Карпош кој се одржа во ООУ Јан Амос Коменски на 02.04.2018 год.Наши учесници беа Даниел Утевски од 3а одд.со маска Еко робот,Дина Дучевска од 6а одд.со Еко бувчо,Константина Атанасовска од 6а одд. со Мини робот,Лука Трифуновски од 7а одд.со Робот Џони и Илина Филиповска д 8б одд. која беше електронска девојка.Учениците од одделенска настава заедно со одделенските наставнички дефилираа во училишниот двор и блиската околина пеејки првоаприлски песнички.Можеа да се забележат многу интересни маски со омилените јунаци од цртните филмови,принцези,витези,волшебници,лекари,кловнови и сл.Училиштето беше исполнето со весели и насмеани лица  кои  потикнаа позитивна и ведра атмосвера.