Тел: (02) 3065-337

Велигденски базар

На 4.4.2018 година, во ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош”, се одржа велигденски базар, во чија подготовка учествуваа учениците  од училиштето, заедно со своите наставници.

На базарот беа изложени различни и многубројни, рачно изработени  предмети и украси, со велигденски мотиви, изработени од страна на учениците и нивните наставници, како и секакви видови домашни печива, коишто традиционално се подготвуваат за најголемиот христијански празник Велигден, а беа изработени од вредните раце на бабите и мајките на нашите ученици.

Базарот го посетија многу посетители, а средствата коишто ќе се соберат од продадените производи, ќе се наменат за хуманитарни цели.