Започна проектот ЕКОЛОШКА РЕВОЛУЦИЈА на Општина Карпош во соработка со ПАКО МАК, 4SELECT и 0-ОТПАД, во кој се опфатени сите училишта во општината со разни активности. Во нашето училиште беа одржани предавања од страна на предавачи, кои ги запознаа сите ученици со содржини преку кои се подига свеста за селектиран отпад и здрава животна средина, со порака НИЕ ГО КРЕИРАМЕ СВЕТОТ ВО КОЈ ЖИВЕЕМЕ. Исто така, на учениците им беа поделени биоразградливи кеси за пластика и хартија, како и кутии за батерии.