Тел: (02) 3065-337

Завршен концерт

Традиционално,а по повод завршувањето на учебната година на 06.06.2018 година во просториите
 на О.О.У.„Христијан Тодоровска Карпош“ се одржа Завршен концерт на кој беа доделени награди од страна  на директорката г-ѓа Лида Симјановска за најуспешните ученици и нивните ментори во учебната 2017/18 година.
На истиот концерт беше доделена и награда за првенец на генерација и двајца истакнати ученици на генерација.
За првенец на генерација избран е ученикот Марко Доневски од IXб одделение,а коако особено истакнати ученици на генерацијата му се придружија и неговите соученици Мартин Димитровски и Зорица Давидовска и двајцата од IXб одделение.
Доделувањето на наградите беше проследено со прогодна програма подготвена од ученици и наставници од одделенска настава,како и хорот на училиштето под раководство на наставникот Ангел Ќосев.
Во рамки на концертот по четврти пат семејството Димиќ ја додели наградата „Дамјан Димиќ“ за ученици од VI до IX одделение,а по избор на учениците на секоја паралелка.