По спроведениот училиштен натпревар по географија се определија учениците со најголем број на освоени поени. Според правилата на Македонско географско друштво (МГД), кој е организатор на натпреварите по географија, секој професор може да учествува со тројца ученици. Следејќи го ова правило, на општинскиот натпревар училиштето го претставуваа учениците Ана Бошева VI б, Мартин Кироски VIII б и Ива Цимбировска IX а, под менторство на д-р Билјана Гичевски. Натпреварот се одржа на 09.02.2020 год. во средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“-Скопје. Нашите ученици постигнаа одлични резултати. Така, Мартин Кироски, од можни 100 поени освои 98 поени заземајќи го првото место во општина Карпош. Ана Бошева освои 94 поени, а Ива Цимбировска 90 поени. Двете ученички освоија прва награда. Со постигнатите резултати учениците од нашето училиште се пласираа и на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 07.03.2020 год. Им посакуваме голем успех на нашите претставници и на понатамошните натпревари!
НАШИТЕ УЧЕНИЦИ НАЈДОБРИ НА НАТПРЕВАРОТ ПО ГЕОГРАФИЈА
ј Feb, 2020 | Ученички натпревари