Тел: (02) 3065-337

На конкурсот за најдобар концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“ во рамки на проектот „Видео игротека“, ученикот Душко Геразов од 1б одделение ја доби третата награда.

Нина Пантиќ, Мелани Серафимовска и Ева Ивановска од 4б одделение исто така добија признание за најдобар тимски концепт, додека Алексеј Николоски, Мија Трповски и Теа Бошева од 1б одделение добија дипломи за најмлади учесници на конкурсот.