Тел: (02) 3065-337

На манифестацијата „ Детски лирски треперења“ како една од најдобрите творби е избрана песна на Ведран Алексовски од 6-б одделение . Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија натпреварот  го спроведе по електронски пат. Секоја година учениците кои ги напишале најдобрите творби учествуват на литературен камп кој се одржува во  детското одморалиште „Радости “во Охрид.Тие три дена ќе имаат можност да се дружат со омилените поети и да уживаат во поезијата покрај прекрасното Охридско Езеро. Сојузот очекува дека состојбите со пандемијата ќе бидат значително подобрени во периодот што следува, па ќе бидат создадени услови за безбедно одржување на фестивалот. Исто така наградената песна ќе се најде во Зборникот на наградени песни со наслов„ Крај езерски бранувања“. Честитки за наградата и му посакувам  и понатаму преку поезијата на македонски јазик да го разубавува светот во кој живееме.

Ментор ,нас.Ленче Алаџајкова