Тел: (02) 3065-337
По повод деновите на пролетта, екологијата и среќата во летната училница на нашето училиште, учениците од осмо и деветто одделение со наставниците Христина Борисовска, Мимоза Чукиќ и Витомир Лазороски имаа дискусија на неколку теми: „Што е среќа, дали ќе бидеме посреќни ако се грижиме за себе, се почитуваме себеси и тие околу нас, дали ја прифаќаме различноста,  дали се грижиме за нашата околина и која енергија треба да ја штедиме, а која да ја шириме“. На крајот од дискусијата учениците од седмо и деветто одделение заедно со наставниците Сузана Здравковска, Мимоза Чукиќ, Катерина Зулумовска и Христина Борисовска спроведоа акција за собирање отпадоци во игралиштето и училишниот двор.
Кон акцијата се приклучија и учениците од 5б и наставничката Елеонора Ѓеоргиева со пролетно уредување на училницата и создавање на литературни и ликовни творби на тема: „Пролетта пристигна“.