Проект „10-ка за Карпош“
Со прогласувањето на најуспешни проекти, најубаво среден училишен простор и надобра сторија, нa 3.Април во Кинотеката на Македонија заврши реализацијата на првиот дел од проектот „10-ка за Карпош“.
Проектот „10-ка за Карпош“ е наменет за сите десет училишта на територијата на Општината и има за цел да ги актуелизира и поттикне сите креативни активности кои се случуваат во училиштата,при што,во фокусот е ставен ентузијазмот на самите наставници во соработка со учениците и родителите.
Првото место во категоријата „најуспешни проекти“ го освои едукативно-хуманитарниот проект „Љубов за Дамјан“, кој има за цел да ја развие свеста кај учениците, родителите но и локалното население за постоење на ретки болести. Проектот го поднесоа тројца наставници од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Татјана Велкова, Оливера Павловска и Витомир Лазороски,а во негова реализација беа вклучени и учениците од 9-б и 4-б одделение ..
Одлична идеја! – да се зборува за ретки болести уште во училишните клупи, да се покаже дека и ретките деца можат и умеат се како и останатите, да се зборува за ретките меѓу сограѓаните, за важноста од рана дијагноза и континуирнана терапија, активно да се учествува во настани за подигање на свеста дека ретките болести постојат….
Уште подобра реализација! – мотивирани од љубов и почит кон својот другар и ученик, креативни, пожртвувани и посветени и покрај редовните обврски
Тоа е најдобриот проект од “10-ка ЗА КАРПОШ” – Љубов за Дамјан. Тоа се наставниците и учениците од IX-b и IV-b од ОУ “Христијан Тодоровски Карпош” – беа топлите зборови на подршка од родителите на нашиот другар и ученик Дамјан …