Тел: (02) 3065-337

На новото игралиште ,,Сокол,, во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, каде што се игра и турнирот, започнаа Училишните спортски лиги – 2019/2020 година. Станува збор за систем на натпреварувања меѓу десетте основни училишта, во текот на целата учебна година, во четири спортови: ракомет, фудбал, кошарка и одбојка. Овие Училишни спортски лиги ги организира Одделението за спорт при Општина Карпош. Игрите се финансиски поддржани од локалната самоуправа, а примарната цел е да се негува спортскиот дух кај младите и да го развиваат својот талент. Игралиштето „Сокол“ денеска беше исполнето до последно место. Учениците и нивните наставници по физичко образование со нетрпение ги очекуваат новите натпревари, навивањето на трибините, како и новите другарства меѓу учениците кои се остваруваат, меѓу другото, и преку спортско „вмрежување“ на училиштата. Градоначалникот Стефан Богоев денеска им посака успешни лиги на учениците.