Тел: (02) 3065-337

Хакатон

Учењето преку игра е еден од најважните начини на кои малите деца стекнуваат суштински знаења и вештини. Тие играат за да го разберат светот околу нив. Подеднакво важно е што тие ги развиваат вештините неопходни за учење како што се способноста за решавање проблеми, анализа, проценка, примена на знаењето и креативност. Во периодот од  18-20ти јули,во организација на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации во склоп на проектот „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку кокреирање и иновации“  кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на обрзование, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ,организира тридневен настан Хакатон со цел креирање игри за најмаладите за возраст од 3год- до 10год. Во овој периодот, преку тридневна интензивна работа, 7 тимови составени од дизајнери, програмери, наставници, работеа заедно за да дојдат до инклузивни и иновативни игри кои ќе одговорат на некои предизвици во образованието и ќе помогнат во подобрување на неговиот квалитет. За време на хакатонот, сите тимови добиваа менторска поддршка од воспитувачи, професори и стручни лица од различни области согласно потребите при развојот на игрите. Учествуваа 7 тимови, 50 хакатонџии, 10 ментори и говорници, многу креативност, 7 иновативни образовни игри и многу промена! На Хакатонот победи групата ,,Жмурка,, под менторство на одд наставниk Владанка Д.- Урошева  ООУ ,,Х.Т. Карпош,,

Ученици од нашето училиште учествуваа во тестирањето на победничката  игра „Друштвото Приборовски“. Дечињата имаа можност да се запознаат со светот на ранчето, моливчето, четката и нивните авантури. (ликовите од играта) и да дадат  фидбек и многу идеи за подобрување на играта!