Тел: (02) 3065-337

Започна проектот ЕКОЛОШКА РЕВОЛУЦИЈА на Општина Карпош во соработка со ПАКО МАК, 4SELECT и 0-ОТПАД, во кој се опфатени сите училишта во општината со разни активности. Во нашето училиште  беа одржани предавања од страна на предавачи, кои ги запознаа сите ученици со содржини преку кои се подига свеста за селектиран отпад и здрава животна средина, со порака НИЕ ГО КРЕИРАМЕ СВЕТОТ ВО КОЈ ЖИВЕЕМЕ. Исто така, на учениците им беа поделени биоразградливи кеси за пластика и хартија, како и кутии за батерии.