Тел: (02) 3065-337

Во рамките на проектот EWC „Подготовка на идни наставници во Западен Балкан: Едукација за демократија и човекови права 2018-2021, поддржана од Министерството за надворешни работи на Норвешка, во јули 2021 година од учесниците во проектот беше иницирана, потребата и можноста да се дејствува проактивно во менторството на студентите – идни наставници во Северна Македонија.

Проектот (QUAMEN) има за цел да спроведе серија работилници со високо квалитетна професионална обука и практична работа за ментори на студентите – идни наставници и да го сподели релевантното искуство со претходните искуства во менторирање на студентите. За да се обезбеди објективно и висококвалитетно меѓународно следење мониторингот и водството ќе бидат обезбедени од водечки меѓународен експерт во оваа област. Со цел да се задржат и применат овие достигнувања, целиот процес ќе поврзан со развој на нови наставни програмина факултетите на кои се образуват наставници.

Пилот – проектот вклучи 80 учесници:

– 20 училишни ментори обучени преку нова програма за обука насочена кон пракса, за предавање на демократија, човекови права и инклузија. Обуката ќе се заснова на новиот прирачник за ментори.

– 60 студенти – идни наставници поддржани во нивната практична работа од ново обучени ментори

– 10 пилот училишта кои ќе воведат нов пристап кон менторството.

Целите на проектот беа постигнат со реализација на следниве резултати:

– обучени и компетентни наставници-ментори на студентите,

– ново, високо квалитетно следење и поддршка за време на практикантската работа за студенти-идни наставници,

– подиректен пристап до реалниот училишен контекст за универзитетски професори и услови за подобрување на универзитетските наставни програми,

– заеднички финален извештај и предлог на сите три страни до Министерството за образование и наука.

Нашето училиште ја имаше таа чест да биде дел од овој меѓународен поект со активно учество на одделенските наставници Елеонора Ѓеоргиева и м-р Маја Јансковска Цакиќ.

Овој проект е медиумски покриен преку порталот на пилот-проектот КУАМЕН www.umno.mk

Повеќе за одржаните активности може да погледнете на следните линкови:

https://umno.mk/bez-kompetentni-nastavnici-nema-kvalitetni-obrazovni-promeni/

https://umno.mk/shansa-za-idnite-nastavnici-da-stanat-kompetentni-ushte-dodeka-studiraat/

како и  на следните Фејсбук страни:

  1. PHZH International Projects in Education – IPE
  2. The European Wergeland Centre (EWC)
  3. Preparing future teachers in the Western Balkans