Тел: (02) 3065-337
Нашето училиште блесна во духот на празниците со свечената новогодишна приредба под мотото „Новогодишен фестивал на радоста“. Сцената беше исполнета со искрени детски насмевки, позитивна енергија и празнична атмосфера, а публиката имаше можност да ужива во разновидна и внимателно подготвена програма со песни, танци, рецитали и драмски изведби.
Секој настап беше израз на трудот, креативноста и талентот на учениците, кои со голема љубов и посветеност ја пренесоа радоста на Новата година. Настанот беше успешно реализиран од Тимот за јавна и културна дејност, со одлична координација и организација, што придонесе за беспрекорна реализација на целиот фестивал.
Посебна чест и задоволство ни беше присуството на дечињата од градинката,,Распеана Младост ” претставници од нашата општина Карпош, како и бројни родители, кои со своето присуство и поддршка ја збогатија оваа празнична манифестација.
Со топли честитки и искрени желби за Среќна Нова и Божиќни празници се обрати директорка Христина А.Борисовска ,како и претседателот на Советот на општината Христо Саракинов.
Благодарност до сите ученици и наставници кои придонесоа „Новогодишниот фестивал на радоста“ да остане во срцата на сите присутни.