Тел: (02) 3065-337

Проект „10-ка за Карпош“

Со прогласувањето на  најуспешни проекти, најубаво  среден училишен простор и надобра сторија, нa 3.Април во Кинотеката на Македонија заврши реализацијата на првиот дел од проектот „10-ка за Карпош“.

Проектот „10-ка за Карпош“ е наменет за сите десет училишта на територијата на Општината и има за цел да ги актуелизира и поттикне сите креативни активности кои се случуваат во училиштата,при што,во фокусот е ставен ентузијазмот на самите наставници  во соработка со учениците и родителите.

Првото место во категоријата „најуспешни проекти“ го освои едукативно-хуманитарниот проект „Љубов за Дамјан“, кој има за цел да ја развие свеста кај учениците, родителите но и локалното население за постоење на ретки болести. Проектот го поднесоа тројца наставници од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Татјана Велкова, Оливера Павловска и Витомир Лазороски,а во негова реализација беа вклучени и учениците од 9-б  и  4-б  одделение ..

Одлична идеја! – да се зборува за ретки болести уште во училишните клупи, да се покаже дека и ретките деца можат и умеат се  како и останатите, да се зборува за ретките меѓу сограѓаните, за важноста од рана дијагноза и континуирнана терапија, активно да се учествува во настани за подигање на свеста дека ретките болести постојат….

Уште подобра реализација! – мотивирани од љубов и почит кон својот другар и ученик, креативни, пожртвувани и посветени и покрај редовните обврски

Тоа е најдобриот проект од “10-ка ЗА КАРПОШ” – Љубов за Дамјан. Тоа се наставниците и учениците од IX-b и IV-b од ОУ “Христијан Тодоровски Карпош” – беа топлите зборови на подршка од родителите на нашиот другар и ученик Дамјан …