Тел: (02) 3065-337

Денес 2.11.2021 беше реализирана првата средба од проектот на тема „Звуците на инструментите немаат граници“ на која ученици од 6б одделение се запознаа другарчиња од партнер училиштето „Јосип Броз Тито“ од Жировница. Во наредниот период се планирани уште три средби на кои заеднички учениците од двете училишта ќе истражуваат за народните инструменти во нашата држава. Средбата беше одржана преку MS Teams, на која ја проследивме презентацијата за значењето на поимот фолклор, што опфаќа фолклорот, со посебно внимание на инструментите во народната македонска музика.