Тел: (02) 3065-337

Во пресрет на најавената пролетна офанзива „Фрли цветна бомба“ во пресрет на 21-ви март првиот пролетен ден, Слоу Фуд Водно одржа работилница во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“. Со здружени сили, заедно со учениците од 3-б одделение и оделенските наставнички Анета Аначкова и Катица Богоевска, направивме повеќе од педесет цветни бомби. Учениците во забавна атмосфера беа информирани за податоци поврзани со животот на планетата, врската на пчелите и опстојувањето на животот на планетата. На Денот на пролетта цветните бомби од вредните рачиња на децата ги фрливме на падините околу скопското Кале и ги предадовме на Мајката Земја.