Тел: (02) 3065-337
На ден 28 ми април во нашето училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, на игралиштето Сокол, се одржаа спортски ЕКО игри со хуманитарен карактер.
На настанот учествуваа ученици од второ до деветто одделение, кои низ шест различни полигони, организирани со ротација, имаа можност да ги покажат своите спортски вештини, тимски дух и натпреварувачка енергија.
Настанот имаше и хуманитарна цел – средствата собрани од симболичната цена на влезниците ќе бидат наменети за уредување на училишниот двор, простор кој е од големо значење за рекреација, спорт и реализирање на ученички активности.
Публиката беше бројна и исполнета со родители, наставници и сите оние кои сакаа да бидат дел од оваа прекрасна атмосфера и да го почувствуваат детскиот спортски дух.
Организацијата беше реализирана од тимот наставници по физичко и здравствено образование, во соработка со наставници-соработници, а целиот настан беше поддржан од директорката на нашето училиште и целиот колектив.
Голема благодарност до сите ученици кои учествуваа, како и до нивните родители за поддршката и довербата.
Да продолжиме заедно да соработуваме, организираме и градиме безбедна, уредена и еколошка средина за нашите најмили