Тел: (02) 3065-337

Границите за нас се само еден напишан збор. Доказ за тоа е денешната онлајн средба од проектот МИО.

Со голем елан, ентузијазам и одлична атмосфера продлабочуваме и создаваме нови другарства, на тема „Уметноста не познава граници“, под менторство на одд. наставници Маја Ј.-Цакиќ и Владанка Д. Урошева.

Нашите петтоодделенци заедно со нивните врсници од ОУ „Истикбал“ – Тетово под менторство на Сејла Салии, говореа и презентираа на тема „Народни носии и обичаи“.

Голема благодарност за успешната работилница, со надеж за повторна средба во иднина.