Тел: (02) 3065-337

Учениците од 4 – а и 4 – б на 31.5.2022 (вторник) учествуваа во проектот “Go green за намалување, реупотреба и селекција на отпад” во дворот на кинотеката Другарче. Во дворот имаше поставено подвижен контејнер за селектирање на отпад (стакло, батерии, текстил, пластика, картон – хартија). Низ одржаното предавање децата го селектираа отпадот што го носеа со себе и дознаа што сѐ може да се добие со отпадот што се рециклира. На крај секое дете доби картичка со семиња од различни цвеќиња за да си ги засадат. 🍀🌼☘️