Тел: (02) 3065-337

Во нашето училиште преку најразлични активности се спроведува проектот „Училишта на 21 век“ .Преку овој проект учениците се учат на критичко размислување и разгледување на проблемите од различни перспективи. Тие се поттикнуваат на размислување за други гледишта во решавање на проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот .На часовите по македонски и англиски јазик учениците од 9 –то ,8-мо и 6-то одделение дебатираа и искажуваа свои ставови на дадени проблеми .Учениците ја применуваа наставната техника- Шест шапки за размислување . Секоја група ученици го презентираше дадениот проблем според гледиштето на својата шапка. На крајот , согледувајќи го проблемот од повеќе различни аспекти, учениците даваа предлози и сугестии за надминување на истиот. Критичко размислувње на тема „Богата девојка сака сиромашно момче “ инспирирана од драмата „Бегалка“ од В.Иљоски во 8а и 8б одд. Втората тема „Дали луѓето треба се ценат според бојата на нивната кожа“ поттикната од романот „Белото циганче “од В.Подгорец во 6а и 6б одд. Фотографии од часот по македонски јазик,кај наставничката Ленче Алаџајкова Критичко размислување на проблемот Bullying thrives on silence (Насилството се зголемува со молчење) од различни гледишта и перспективи во 9б одд.