
Хуманоста обединува ✨🎁 Со голема благодарност ја истакнуваме успешната реализација на хуманитарната акција „Новогодишни пакети“, реализирана со несебичната поддршка и соработка на родителите од ООУ „Х. Т. Карпош“. Во рамки на акцијата беа подготвени новогодишни пакети со внимателно одбрана и разновидна содржина, за деца од дисфункционални семејства сместени во интернат при ОУ,,Гоце Делчев “с.Љубанци. Со овој хуман чин им беше донесена радост и насмевка на децата, а воедно беше испратена силна порака за солидарност, грижа и човечност. Ваквите активности имаат големо воспитно значење, бидејќи учениците се учат на емпатија, хуманост и одговорност кон другите уште од најмала возраст. Посебна благодарност упатува директорката на училиштето Христина Антоновска Борисовска до сите родители, а особено до Советот на родители, за нивната посветеност и одлична соработка. Исто така, искрена благодарност до наставниците и учениците за нивниот ангажман и придонес во успешната реализација на акцијата. 💫Заедно покажавме дека малите дела ,прават големи разлики 💫 Со почит, Тимот за јавна и културна дејност Координатор Маја Ј-Цакиќ
ј Dec, 2025 | Настани, Новости
