На 8 јуни го одбележавме крајот на учебната 2025/2026 година со прогласување на најдобрите ученици во наставните и воннаставните активности и најуспешните наставници, но и родители кои учествуваа во активностите.
На свечениот настан директорката им врачи пофалници на првенецот на генерација Јане Јанев, истакнатиот ученик Ѓорѓи Чакарјаневски, на ученикот Андреј Кукуловски за првото место на републичкиот натпревар по биологија и на сите ученици кои освоија прва, втора и трета награда на општинските, регионалните и дел од републичките натпревари. Пофалници и благодарници им беа врачени и на најактивните и најхуманите наставници и наставниците ментори кои со години наназад постигнуваат врвни резултати. Заслужени благодарници добија и родителите и наставниците кои со многу труд и љубов го уредија нашиот еко двор. Ова беше навистина успешна година.
Истиот ден во нашето училиште се одржа завршна приредба,
Приредба исполнета со многу радост, насмевки и позитивна енергија. Училишниот двор беше место каде учениците ги покажаа најубавите кореографии од забавен карактер, рецитали посветени на другарството, содржини изучувани во текот на учебната година, како и хумор и сатира преку драмска изведба.
Бидејќи за јазиците не постојат граници приредбата беше збогатена со игра, песна и настап на француски јазик, еден од јазиците кој се изучува во нашето училиште. Со својата креативност, талент и ентузијазам, учениците уште еднаш покажаа колку можат да создадат прекрасни моменти за паметење.
Им благодариме на сите ученици, наставници и родители за поддршката и учеството.
Ви посакуваме безгрижно, весело и исполнето лето, полно со нови авантури, убави спомени и многу насмевки!

