
По повод 50 години од постоењето на Општина Карпош, на 2 ноември- понеделник, во Драмскиот театар се одржа манифестацијата „Карпош има талент“. Учениците Антонија Огнаноска и Филип Момевски од 8 а одд., достојно го претставија нашето училиште со хумостористичен скеч од ТВ-серијата „Солзи и смеа“. Нивната изведба и добрата смисла за хумор, навистина нѐ насмеаа до солзи, а љубовта и посветеноста кон глумата, уште еднаш покажаа дека талентот добива вистинска вредност. Браво за успехот! Продолжете да блескате!
ј Nov, 2026 | Новости
