Тел: (02) 3065-337
ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош” – Скопје
ул. ,,Орце Николов” бр. 161 Скопје, 1000
тел. 00389 2 3065337, факс 00389 2 3065337

Согласно Законот за основно образование (Службен весник на Република Македонија бр. 161 од 5.8.2019 година, член 59 и 60), ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош” – Скопје, Општина Карпош

 

С  О  О  П  Ш  Т  У  В  А:

 

Запишувањето на учениците во прво одделение започнува од 4.5.2021 година и трае до 31.5.2021 година.

Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската 2021 година ќе наполни шест години.

По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31.1.2022 година ќе наполнат 6 години, но по претходно барање на родителот и добиено мислење од страна на педагогот или психологот во училиштето.

Потребни документи за упис:

  1. Извод од матична книга на родените на ученикот (фотокопија);
  2. Лична карта од родител/старател – на увид;
  3. Потврда за примени задолжителни вакцини (од надлежната здравствена установа ,,Букурешт) – останува во училиштето;
  4. Потврда за орално здравје од стоматолог (се изготвува во Детски диспанзер Карпош) – останува во училиштето;      
  5. Потврда од офталмолошки преглед издадена од офталмолог;
  6. За деца со попреченост, мислење/функционален профил од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Запишувањето може да се врши со електронска пријава на услугата www.uslugi.gov.mk или со физичка пријава во рамки на училиштето.

Следете ја нашата веб страна, училишниот мејл: htkarpos@gmail.com  и контактирајте не следниов телефонски број: 078/300-086.                                                                                                          

 

Директор

д-р Мирјана Алексова

    ПРИЈАВА ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА